Со допис до македонската влада упатен на 15 јануари 2024 година на адресата на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, бара досиејата од Хашкиот трибунал да се истражат од домашните судови.

Таа исто така испрати писма и до другите премиери на земјите-членки на Советот на Европа во регионот на поранешна Југославија, кои се објавени интегрално на интернет-страницата на Советот на Европа, во нив се препорачува да се преземат конкретни чекори за справување со насилното минато и поодлучно движење кон социјална кохезија, правда и помирување.

Мијатовиќ ги нагласува клучните чекори што треба да се преземат, а кои ќе го подобрат почитувањето на правата на жртвите и ќе промовираат инклузивен и заснован на човекови права пристап за справување со минатото во регионот, пишува „Нова Македонија“.

– Како комесар за човекови права на Советот на Европа, мојот мандат е да поттикнувам ефективно почитување на човековите права во сите 46 земји-членки на Советот на Европа, вклучително и преку дијалог со владите на земјите-членки и тематската работа. Ви пишувам денес за да ви го свртам вниманието на еден проблем – стои во писмото на Мијатовиќ до Ковечевски.

Извор Нова Македонија