Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва на одделни седници одлучија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде технички премиер во преодната влада од 3 јануари 2020 до формирањето на новата влада по изборите во април.

Заблагодарувајќи се на дадените доверба и поддршка, Спасовски преку „Фејсбук“ рече дека има само една желба.

Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа!, порача Спасовски.

 

Спасовски беше технички министер за изборите во 206 година, за подоцна да застане на чело на полицијата. И сега од МВР се сели во владата како технички премиер