Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во својата колумна за „Нова Македонија“ вели дека не се точни тврдењата на Заев дека со Договорот од Преспа се гарантира македоскиот идентитет.

Напротив, вели академикот, со овој договор се брише македонскиот идентитет.

 Членот 7 не само што не го гарантира туку, всушност, го брише македонскиот идентитет. Имено, овој член ја определува просторната рамка за употребата на термините „Македонија“ и „македонски“ или, со други зборови кажано, во северниот регион на државата Грција нема словенски Македонци, бидејќи терминот Македонија во државата Грција е веќе резервиран не само за областа и народот во северниот регион на Грција туку и нивните одлики, вклучувајќи ги елинската цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешен ден. Така, спротивно на историските факти, овој договор тврди дека во регионот Македонија во државата Грција од антиката до денес живееле само елински, но не словенски Македонци. Тргнувајќи од фактот дека дејствувањето на словенските Македонци во државата Грција е дел од македонскиот идентитет, произлегува дека ПД, како што претходно истакнав, го брише, а не го гарантира, македонскиот идентитет, забележува Коцарев.