Европската унија нема да ја коментира изјавата на португалската секретарка Ана Паула Закаријаш, која рече дека македонскиот јазик бил бугарски.

„Пресинг ТВ“ ја праша портпаролката Ана Писонеро дали на овој начин ЕУ го поткопува Договорот од Преспа чии гарант е токму Унијата и според кој македонскиот јазик е признат.

На сето тоа добиме одговор дека нема да коментираат.

Ние не коментираме на коментари и нашиот став во врска со ова прашање е многу познат. Важно е Бугарија и  Македонија да најдат заемно прифатливо решение за билатералните прашања што не чекаат-изјави Писонеро за Пресинг ТВ“.

Европската унија полагаше големи надежи на португалското претседателство но сепак на последниот Совет Бугарија повторно стави вето за почеток на преговорите со Македонија.