Служби на Министерството за здравство вршат проценка на осумте комбиња кои не му требаат на Министерството за земјоделство дали истите може да се пренаменат во возила за транспорт или за итна медицинска помош.
Колку ќе чини пренамената и дали е возможно таква опрема да се инсталира во земјава, министерот Венко Филипче рече дека ќе ги почека анализите.
Филипче додаде дека на претходната набавка која заврши за 12-те нови возила за Итната медицинска помош по систем на електронска аукција постигната е цена од 21 милиони денари.
Со тендерот за возилата биле предвидени да се издвојат 36 милиони денари и има заштеда од 15 милиони денари со кои, како што информира министерот, може да бидат набавени дополнителен број нови возила за Итната медицинска помош.
Од нив најмалку шест ќе добие Итната медицинска помош во Скопје во договор со директорот на Здравствениот дом Скопје, со што нејзиниот капацитет двојно ќе се зголеми, а останатите возила ќе бидат распределени во другите здравствени домови низ државата.
Comments are closed for this post.