Вистинската адреса на која ВМРО-ДПМНЕ треба да постави прашања за непотизам е нивниот лидер Христијан Мицкоски кој треба да им одговори како од толку многу професори на Машинскиот факултет, тој станува асистент токму кај неговиот татко со кого и заедно пишувале книги и учебници, реагираше денеска СДСМ.

„Како Мицкоски добил бизниси со хидроцентрали од владата на Никола Груевски кадешто бил советник?

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги партизираше сите државни и јавни претпријатија, а од институциите правеше партиски штабови.  Тоа време е зад нас и нема да се повтори.“, се вели во соопштението, кое е реакција на денешната прес-конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кја обвинува за нови случаи на непотизам и партиски вработувања.

„СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика. Како што е веќе најавено ќе се испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор, како и на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана.

Доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, или влијанија, ќе бидат преземени соодветни мерки. Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да влијае на вработувања.

Деполитизирана и департизирана администрација значи вработување спроед мерит систем, а не според политика или партиска припадност“, се истакнува во истото соопштение.