Со наближувањето на терминот за формирање на техничката влада се вратија сеќавањата на 2016 година кога овој формат првпат беше воспоставен како резултат на договорот од Пржино.
Тогаш, на почетокот на јануари се повлече дотогашниот премиер Никола Груевски и на негово место за технички премиер беше изгласан Емил Димитриев и неколкумина министри од СДСМ како тогашна опозиција.
Но поради одбивањето на СДСМ да има избори тие два пати беа одложувани, но Емил Димитриев продолжи да ја врши функцијата до формирањето на новата власт иако според Договорот од Пржино мандатот треба да биде само сто дена пред избори.
Затоа и постои недоумица дали доколку Заев остане на договорот од лидерската средба кај претседателот Пендаровски и се даде оставка на трети јануари избори мора да има на 12 април.
Претседателот на Собранието вели дека доколку на почетокот на следната година се избере техничката влада тогаш дека избори мора да има бидејќи таа има ограничен мандат и времетраење.

Од друга страна пак Џафери објаснувасѐ додека не се распишат изборите можно е да бидат одложени. Џафери потенцира дека теоретски постои таква можност, со оглед на тоа што предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето на парламентот.
Тоа во случајов би значело околу 10 февруари, така што изборите веројатно би биле распишани веќе следниот ден од распуштањето на законодавниот дом. Од тој момент почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.
Претседателот на Собранието планира на 3 јануари – 100 дена пред изборите да закаже седница за избор на технички премиер и на нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но истакна дека терминот кога ќе се одржи оваа седница зависи од тоа кога премиерот во заминување би поднел оставка и кога би биле доставени предлозите за нови премиер и двајца министри.
Сепак многу работи ќе бидат појасни во сабота кога треба да има поединечни средби помеѓу Заев и Мицкоски и Ахмети и Мицкоски
Comments are closed for this post.