Јавен обвинител на предлог на опозицијата, спречување на реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, формирање Комисија за заштита од дискриминација, отворање на сите предмети каде е почувствувана неправда. Ова се четирите барања испратени од синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.
Нив ги испрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој порача дека „правдата во Македонија е нападната“.
Првото барање, посочи Мицкоски е исполнување на ветувањето дадено, како што кажа, од „мафијата кога беше во опозиција“, да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен Јавен обвинител, кој како што рече „ќе го исече од корен криминалот“, почнувајќи од првото дело завршувајќи со последното, без разлика на политичката припадност.
Ова не би требало да биде пречка за Заев, зошто истото го предлагаше пред да дојде на власт. Јавен обвинител на предлог на опозицијата, рече Мицкоски.
Второ, под итно побара да се спречи реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, Министерството за внатрешни работи. На сите на кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација.
ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Сите оние кои што се чувствуваат обесправени и се под притисок на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош.
Трето, посочи Мицкоски, државата во моментов е без Комисија за заштита од дискриминација. Побара најитно формирање на комисијата и донесување на нов Закон за заштита од дискриминација.
Мора оние кои што се подложни на уцени, закани да бидат заштитени, посочи Мицкоски.
Четврто, додаде тој, сите предмети кои што се познати во јавноста, каде е почувствувана неправда, притисок, уцени и реваншизам, каде правдата не е заштитена, сите предмети за криминал, за кои власта сега молчи, да бидат отворени и предмет на ревизија. Подеднакво, рече Мицкоски, да бидат предмет и на анализа зошто не се постапувало, а требало да се постапува.
Полна е устата со владеењето на правото! Не може во Македонија да владее правото ако не се знае кој во Македонија незаконски прислушукуваше илјадници граѓани.. Не може никој да не сноси одговорност кој ја дал таа наредба! Кој и зошто ги полнеше кутите на референдумот и имавме излезеност на места повеќе од 99%. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој ги прислушкиваше обвинителите и судиите кој се обледонеи кон крајот на 2018 година. Не може да има право ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во Рекет 1, Рекет 2, од прв до последен да одговараат за тоа што го сториле, посочи лидерот на опозицијата Мицкоски.
Comments are closed for this post.