Избори ќе има на 7 јуни“. „На гласање одиме на 14 јуни“. „Не не на 27 јуни е сигурно“. „5 јули е завршена тема“. „„Еве попуштам за 8 јули“. Вака изминатиот месец пукаше „бетонот“ на Заев за тоа кога ќе бидат предвремените избори.

Лицитирањето со датуми без притоа да се има чуство и одговорност за состојбата во која се ноаѓаме со стотина заразени дневно и неколкумина починати доведе до тоа Заев кончено да сфати дека не ја контролира ситуацијата и дека од него веќе ништо не зависи.

На крај мораше да се согласи на 15 јули откако беа исполнети двата разумни услови, а тоа заштита на здравјето на луѓето и мониторинг на ОБСЕ и ОДИХР. Очигледно е дека Заев нема никаква грижа на совест и на избори би одел и без никаква контрола или пак заштита на граѓаните кои за него и онака се само бројка.

И не само за изборите, Заев се што кажа за време на неговото владеење посипа со пепел. Добро е познато како во авион со своите соработници со кренат палец во авион го прославуваше датумот за преговори. Потоа во Собрание дури се потсмеваше дека опозицијата ќе „пукне од мака“ што тој добил датум за преговори со ЕУ. А датум уште чекаме, и кој знае кога ќе го дочекаме.

Уште минатата година кога почна да се зборува за предверемени избори Заев тврдеше дека нема шанса да прифати „Пржинска“ Влада во траеше од сто дена. Техничката влада е на сила од почетокот на јануари значи безмалку половина година.

Заев знае дека веќе ја изгуби поддршка кај меѓународните фактори, токму кај тие што му потпомогнаа да дојде на власт иако ги загуби минатите избори. Тој се уште се надева дека има „кредит“ кај нив поради промената на името и договорот со Бугарија. Но, кредитот одамна е потрошен поради огромните корупциски скандали, некаказнивоста во своите редови, случајот „Рекет“, „Ден Дончев“ и многу други.

По сево ова јасно е дека Заев веќе не може да спие на тоа уво дека „и да изгубам странците ќе ме остават на власт“. Затоа датумот 15 јули не е резултат на широкоградост туку на свиткана рака.