Позицијата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, за личноста на Гоце Делчев е најблиску до вистината, изјави професор Кирил Топалов, член на бугарскиот дел од Заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашањата по историјата и учебниците во утринската емисија на БТВ новините.

Пендаровски пред неколку месеци изјави дека Гоце Делчев се определил за Бугарин, но се борел за независна автономна Македонија.

Велам блиску до вистината, зашто ние не знаеме, тие што се бореле за автономија на Македонија што точно имале во предвид. Може да претпоставиме дека еден дел од нив имале предвид автономна Македонија да стане независна држава, што и се случува со одлука на Коминетрната од 1934/35 година. Можеби нашите автономисти имале предвид нешто ндруго. Ние не знаеме што точно имало во главата н никого, изјави Топалов.

Тој потсети дека за члановите на македонскиот дел од комисијата „Гоце Делчев е апостол на македонизмот“.

Топалов оцени дека на последните две сесии на заедничката комисија работата е стопирана.