СДСМ влезе во внатрепартиска криза не сега, не пред година дена, туку откако почна да доминира популизмот и лукративноста, рече Александар Кирацовски, поранешен ген-сек на СДСМ во „Утрински Брифинг“.

Кирацовски посочи за неуспехот на СДСМ не е само Заев одговорен, туку целото раководство.

-Лично очекував оставка од целото раководство на СДСМ, првенствено од солидарност кон лидерот, можеби и пошироко, истакна Кирацовски.

Според него, наместо вистинските социјалдемократи кои предолго се бореле против, како што рече, режимот, дел од просторот го зафатиле режимски слуги или ликови, кои што немаат допирна точка со нивната борба.