Пратеникот Александар Кирацовски ги повика сите пратеници на Собранието, особено оние кои не гласаа во првата фаза од уставните измени активно да се приклучат кон инцијативата за национално обедување, бидејќи, како што истакна, сите треба да учествуваат во истото.

За амандманите кои треба Владата да ги испрати до Собранието, Кирацоски вели дека има 15 дена, но очекува тие да стигнат до петок.

Кирацовски побара од претседателот Христијан Мицковски и членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од деструктивното делување, кое како што рече пратеникот од СДСМ,  оди на директна штета на граѓаните и на Македонија.