Километарски колони возила чекаат за влез во земјава од Грција. Се чека повеќе од три часа. Колоната со возила започнува од првата наплатна рампа во Грција и се протега до границата. Нервозни патници во знак на револт свират, а се случија и неколку вербални напади поради превземање на ред во шесте колони.
Од дежурната служба на ГП Богородица пак информираат дека за влез и излез од нашатата држава нема подолги задржувања, но пропустот на возила од грчка страна е со послаба динамика, информираат од дежурната служба на ГП „Богородица“.
Од наша страна нема застој, возилата се пропуштаат за пет до десет минути, меѓутоа од грчка страна има застој. Колоната возила е речиси до нашата граница, информираат од дежурната служба на ГП „Богородица“.
Посочуваат дека пропустот на возила од грчка страна е со слаба динамика, но засега немаат никакво официјално соопштение за евентуални проблеми.
Од АМСМ информираат дека на граничните премини има зголемена фреквенција, но нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Comments are closed for this post.