Премиерот Зоран Заев утринава во врска со бегството на Сашо Мијалков повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите, објавува телевизија 24.

Како што објавува телевизијата, на средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките.

Според извори на телевизијата, на средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга. Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност.

Средбата наводно завршила во нервозна атмосфера, во очекување на расплет во наредните 3-4 дена, колку што Заев дал рок за резултати, објави телевизијата.