Попладнево пред 16 часот по локално време во грчкото МНР започна тет-а-тет средбата на заменик претседателот на македонската Влада, Бујар Османи со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Јоргос Катругалос, јави МИА од Атина.
По тет-а-тет средбата што траеше околу 20 минути, започна состанокот на двете делегации составени од претставници од СЕП и МНР на Македонија и претставници на грчкото МНР.
На средбата како што е објавено на веб страницата на грчкото МНР, се очекува да стане збор за односите меѓу двете земји, Договорот од Преспа и обврските што тој го создава за двете земји, за мерките за градење доверба, унапредување на билатералните односи, за поддршката од страна на Грција за македонската евроаталантска интеграција.
Expanded talks b/w #Greece – #fYROM delegations under Alt. FM G. Katrougalos @gkatr & DPM for European Affairs B. Osmani @Bujar_O / Διευρυμένες συνομιλίες αντιπροσωπειών Ελλάδας – πΓΔΜ υπό ΑΝΥΠΕΞ Γ. Κατρούγκαλο & Αν. ΠΘ πΓΔΜ αρμόδιο για τις σχέσεις με την ΕΕ Μπ. Οσμάνι pic.twitter.com/b7drcedF2i
— Υπουργείο Εξωτερικών (@GreeceMFA) November 1, 2018
По разговорите и изјавите за медиумите, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос ќе го испрати симболично вицепремиерот Бујар Османи на атинскиот аеродром, на првиот лет по пауза од над 10 години од Атина за Скопје. Авионот треба да полета во 18.40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18.55 часот по македонско време.
Делегацијата што ја предводи вицепремиерот Османи по слетувањето во Скопје, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, ќе биде дел од манифестацијата која по повод првиот лет ја организира ТАВ.
Comments are closed for this post.