Катица Јанева се појави во судот на првото рочиште од судењето за случајот „Рекет“.

Поранешната специјална обвинителка во судот дојде со нова фризура и шминка, односно има многу подобар и различен изглед во однос на фотографијата што се појави на социјалните мрежи како Јанева седи на тераса на станот каде што беше во домашен притвор.

Од обвинетите, прв во судот дојде Зоран Милевски – Кичеец, во придружба на својот адвокат.

По него, во судот се појави и Катица Јанева, во придружба на полиција, а се очекува и пристигнувањето на Бојан Јовановски – Боки 13.

Во судот е дојден и синот на Катица Јанева, Лазар, но се почитува правилото обвинетите да немаат никаков контакт. Полицијата обезбедува тие да седат одвоено и да немаат никаква комуникација.