Лидерот на Беса, Билал Касами вели дека поддршка за консензуален кандидат за претседател не е безусловна и оти во овој момент е важно да се избере кандидат кој ќе биде прифатлив за сите етнички заедници и нема за едни да биде мајка за други маќеа.

Разговораме за претседателски избори каде партиите се мерат по гласачите. Движењето Беса на последните парламентарни избори имаше 60.000 гласови-потсетува Касами.