Претседателот на Беса Биљал Касами изјави дека ако државата не почне преговори со Европската унија, владата треба да даде оставка и веднаш да се распишат предвремени избори.

Ние како Беса се надеваме дека ЕУ ќе се надмине себеси и во интерес на граѓаните на Македонија што поскоро, односно пред Нова година, земјата ќе добие датум за преговори. Доколку државата не добие датум, тоа го кажа и самиот премиер, ова Влада е мртва, треба да се распишат предвремени избори, рече Касами.