Владата го достави предлог законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во Собранието.Материјалите се веќе пристигнати во Законодавниот дом и може да се погледнат на нивната интернет страница. Она што прво паѓа во очи е што овој предлог закон ќе се носи со европско знаменце, односно по скратена процедура.

Претставници се министерот за здравство и заменикот Агим Муса кој си поднесе оставка по скандалот како бара мито.

Повереници пак ќе бидат Владимир Милошев и Михајло Костовски, државни секретари во Министерството за здравство.

Законите кои се носат со европско знаменце треба да се дел од нашата Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат дел од усогласувањето со правото на ЕУ.

Предлог законот предвидува да се доуредат надлежностите на правните лица во делот на одгледување на канабис за медицински цели и екстракцијата на маслото од сувото растение канабис и да се доуредат надлежностите на институциите одговорни во спроведување на одредбите од законот и доусогласување со новите европски регулативи