Коалицискиот партнер на Ципрас, партијата Независни Грци нема да ја поддржи владата ако договорот од Преспа стигне во грчкиот парламент. Ова како што објави денеска грчкиот дневен весник ‘Катимерини” уште еднаш го потврди лидерот на помалиот коалициски партнер и министер за одбрана, Панос Каменос. Каменос како опција ги остава дури и референдумот и предвремените парламентарни избори.
Ако овој договор стигне на гласање во грчкиот парламент, ние немаме мандат од народот да продолжиме и да останеме во владината коалиција. Мојот прв предлог до премиерот ќе биде луѓето да заземат став на референдум, второ, секоја дискусија по ова прашање да се одложи до крајот на нашиот четиригодишен мандат и, трето, да се оди на избори.
Партијата на каменос иако коалицискии партнер од старт е против договорот од Преспа. Каменос се противи на секоја изјава за македеонски јазик и македонска нација. Овие ставови на Каменос се слични со оние на опозициската “Нова Демократија”.
Comments are closed for this post.