Бизнисменот Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во истрага на СЈО „Империја“, денеска излегуваат од куќен притвор, по одлука на Врховниот суд.

Како што објавува „Фокус“ одлуката била донесена уште во петокот.

Единствен од осомничените во случајот „Империја“ кој засега останува во куќен притвор е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Очекувањата се дека и тој ќе поднесе жалба до Врховниот суд.

Претходно Врховен донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите кои ги презеле од редовното обвинителство, по 18 месеци од добивање на „бомбите“.