Го користам името Македонија, но внимавам да не создададам момент на провокација кон кој било колега од земјите членки, со што, можеби, би ѝ наштетил на сопствената држава. НАТО и ЕУ – перспективата се стратешки правец на ВМРО – ДПМНЕ од самото нејзино создавање.

Ова го изјави за „Независен“, Илија Димовски, кој е во Атина како шеф на делегацијата на Собранието во Парламентарното Собрание на НАТО, каде ќе учествува на состаноците на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, што почнуваат денеска, а ќе траат до 6 март.

Болната и тешка содржина на Преспанскиот договор не треба да биде причина за чие било повлекување од тој стратешки правец. Слабостите на Преспанскиот договор не се во неговата цел, туку во неговата содржина, вели Димовски.