Процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО, според Илден, тече без пречки, но во зависност од политичките збиднувања во одредени држави, тоа може да доведе само до календарско поместување во однос на приемот во членство.
Ова вчера го изјави Таџан Илден помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.
Со тоа се потврдија пишувањата на Пресинг ТВ дека Македонија во декември кога се одржува самитот на Алијансата нема да стане 30-та членка.
Причините за тоа не се политички туку технички. Досега 22 земји го имаат ратификувано протоколот а во 6 процедурите се во тек. Најпроблематична е Шпанија поради тоа што во моментов нема влада.
Изборите се закажани во ноември и тешко е да се очекува дека до крајот на годината ќе се формира Паралементот и да го усвои протоколот за наше членство. Во дипломатски гругови како датум кога Македонија би можела да добие покана за прием е почетокот на мај 2020 година.
Comments are closed for this post.