Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ. Не верувам во вакви приказни дека Црвенковски ќе формира партија, но сепак, треба него да го прашате, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање за коментар на информациите дека поранешниот претседател на СДСМ ќе формира партија.

-Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ. Не верувам во вакви приказни дека Црвенковски ќе формира партија, но сепак, треба него да го прашате. Црвенковски беше претседател на партијата, премиер , претседател на држава, тој е општественик. Верувам дека шпекулациите се присутни оти во Охрид најавија независна листа за локалните избори. СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и во власт и така ќе продолжиме. На локалните избори ќа настапиме единствени и сплотени, да бидеме мудри да ги понудиме најквалитетните кандидати оти граѓаните од нас тоа го очекуваат. Внимателно ги слушаме граѓаните, правиме анкети и сметам дека ќе понудиме квалитетни кандидати за градоначалници и советници, изјави Заев.