МВР излезе со детали за вчерашната страшна сообраќајка на „Илинденска“ во која беа повредени мајка и бебе.

На 01.10.2018 година во 11.30 часот на булевар „Илинден“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(36) од Скопје, патничко возило „Тојота корола“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(45) од село Калниште и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано, сопственост на Л.Д.(49) од Тетово. Во незгодата С.К., сопатник во возилото „Сеат Толедо“ се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот М.К. и неговиот едногодишен син се здобиле со повреди и биле пренесени во Ургентен центар. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.