Република Македонија е обесчестена и обезличена. Зградата со адреса Илинденска број 2 во Скопје, осамна без буквите Влада на Република Македонија!

Македонија е обесчестена и обезличена. Тоа е оценка од граѓаните, тоа е оценка и од Зоран Заев!, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги слушнавте зборовите на Зоран Заев за странските медиуми. Слушнавте како вели кога влегувате во оваа Влада пишува „Влада на Република Македонија“, а зад мене ја гледате сликата на денешниот изглед на Владата на Република Македонија каде што ги нема буквите што значи дека Македонија е обесчестена, Македонија е обезличена. Денеска, согласно зборовите на Зоран Заев, Македонија е обезличена, Македонија е обесчестена и не држи она оправдување за знамето на НАТО, бидејќи знамето на НАТО се вееше пред Владата на Република Македонија и додека на неа стоеја светите букви Влада на  Република Македонија.

Стоилковски истакна дека Заев ја обесчести државата и дома и надвор, а неговата изјава која ја видовме и неговото делување денеска е срамно! Што и да одговори Заев денеска, дадената оценка останува: Тој ја обесчести, ја обезличи државата, доаде Стоилковски.

„Зоран Заев сам излезе пред пратениците во Парламентот и бараше промена на името, сам бараше промена на Уставот со цел промена на уставното име. Ова е вистинскиот Заев. Ова е Зоран Заев, ова е човекот кој за жал ја води државата, ова е човекот кој што сега повторно ветува се и сешто, додека ги продава националните и државните интереси, а криминалот царува во секоја пора на општеството. Ова е истиот Зоран Заев кој бега од избори, бега од соочување со вистината, бега од соочување со граѓаните. Бега и се крие во концептот „едно општество за картелот“. Ова е Зоран Заев кој и натаму лаже, лаже за економијата, за здравството, за образованието, лаже за младите, за вработувања за странски инвестиции“, рече Стоилковски.