Се одмотува клопчето со распределбата на парите од Филмскиот фонд на чие чело е контроверзниот Горјан Тозија. Откако продуцентот Роберт Насков преку „Пресинг ТВ“ го обвини за бесправна продажба на филмот „Ослободување на Скопје“ и најави кривична пријава, излегуваат нови детали како и кај кого во последниве три години завршувале „филмските пари“

„Пресинг ТВ“ го истражуваше овој случај и дојде до заклучок дека од парите на Тозија се „омрсиле“ и новинарот Борјан Јовановски, режисерот Игор Иванов-Изи, како и Данило Шербеџија. Сите тие имаат земено пари на различен начин и за различни проекти. Заедничко за сите нив е што се гласни поддржувачи на полтиките на оваа власт.

Игор Иванов е син на Зоран Иванов кој беше дел од Кабинетот на Црвенковски заедно со Тозија. Иванов постариот пак на дебатните емисии по телевизииите е најголем поддржувач на актуелната власт.

Режисерот Изи, кој е актуелен претседател на Друштовто на филмски работници прв му даде поддршка на Тозија. Во отвореното писмо тој тврди дека Агенцијата за Филм е независно тело одвоено од Владата и дека ова е хајка против Тозија во период кога македонскиот филм реди успеси.

Изи е основач и на „Пристоп Македонија“, контроверзната агенција која беше актуелна во времето кога претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски.

Изи заедно со Зоран Талер, тогашен евро известувач за Македонија и поддржувач на политиките на тогашната опозиција на чие чело беше СДСМ беа дел од голем скандал во 2008 година.Словенечката „Пристоп“ имаше договор со Кабинетот на Црвенковски за над 300.000 евра  „Пристоп“ имаше и локална филијала, основана од Игор Иванов кому му беа доделени
530.000 ЕУР за организирање на средба на лидерите од Источна Европа во Охрид во 2008 година.

Медиумите во Македонија неодамна пишуваа дека пари од Филмскиот фонд зел и новинарот Борјан Јовановски кој важи за голем поддржувач на власта.

За дебитантски долгометражен документарен филм со мнозински удел меѓу другите доби насловот „Кодот на Преспа“ на продуцентот Стримон филм, во режија на Николче Поповски и сценарио на Борјан Јовановски.

Лани компанијата „Евро вижн“ доби 5,2 милиони денари од Агенцијата за филм за проект на Борјан Јовановски.

Тогаш пари од Агенцијата за филм доби и компанија OХО која го ангажирала Сашо Орданоски како главен сценарист. За овој проект биле одобрени 8 милиони денари.