СДСМ на чело со Зоран Заев бараа да се спроведат брзи избори за да може државата да се справи со корона вирусот и можниот втор бран.Брзи избори се случија, но наместо да се оди кон брзо формирање на Собранието и Владата се чекаа крајните рокови.

Таков беше случајот и со конституирањето на новото Собрание. Наместо тоа да се случи во првите два три дена од објавувањето на конечните резултати од страна на ДИК, се чекаше уставниот рок од 20 дена.

Останува да се види дали ваквата пракса ќе ја следи и претседателот Стево Пендаровски кој има рок од десет дена од денеска да го додели мандатот за формирање на влада.

Иако во Уставот во член 90 стои дека тој го доверува мандатот на партијата или партиите што ќе имаат мнозинство во Собранието, останува да се види што доколку по денешната седница ниту една партија нема мнозинство во Парламентот.

Тој има две можности да го додели мандатот на партијата што освоила најмногу гласови на изборите и тој да се обиде да формира влада во следните 20 дена или пак да одржи средби со лидерите и тие да го убедат дека можат да дојдат до 61 пратетеник неопходни за формирање на влада.