Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила во скопското село Визбегово. Како што информира МВР, вчера во 13 часот на крстосницата од улиците „Качанички пат“, „2“ и „1506“ во село Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу „пежо 206“ управувано од 73- одишниот Ѓ.Мод Скопје и „фолксваген голф“ управуван од 24- годишниот М.Е од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобила Д.М.(69) од Скопје, сопатничка во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил 31- годишниот Ш.И од село Визбегово, сопатник во „голфот“. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.