Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на седница именува нови претседатели и членови на комисии.

За претседател на Комисијата за надворешни работи е избрана Христина Рунчева-Тасев, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

За претседател на Комисијата за здравство е избран Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет – Скопје. Тој претходно бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.

За претседател на Комисијата за култура е избран Зоран Љутков, актер во Драмски театар – Скопје.

За претседател на Комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година.

За претседател на Комисијата за спорт е избран Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.