Економските политики на владата на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, се лоши и затоа резултатот од тоа е катастрофален, велат во партиското соопоштение од ВМРО-ДПМНЕ.Македонија поради лошите економски политики и мерки кои досега ги преземаше е на дното по раст на БДП во регионот. Минатата година во Македонија беа затворени околу 7000 компании, а бројот на вработени во индустријата се намалил, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека граѓаните се соочуваат со висока инфлација од околу 7%, основните продукти пораснаа од 30 до 70% за краток период, што е причина стандардот да паѓа, а сиромаштијата галопирачки да расте.
Растот на инфлацијата е поголем од растот на платите и пензиите, а 35% од населението во Македонија е под ризик од сиромаштија.
Во исто време расте и долгот на државата, па така тој надмина 60% од БДП или во евра, ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра и според проценките на владата тој ќе расте уште најмалку 600 милиони евра до крајот на годината.
Никој не знае каде завршија до сега овие пари, бидејќи нема нови автопати, нови болници, нови училишта, детски градинки, ама затоа има непродуктивни трошоци за кафиња, мебел, службени возила, режано цвеќе, фстаци и хотелски услуги.
Овие економски параметри се доволни да покажат каква неспособна, неодговорна и криминогена власт владее со Македонија. Народот тоне во сиромаштија, а власта се богати. Тоа мора да престане, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.