Се огласи Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери за случајот со пратеникот Павле Богоевски. Оттаму велат дека ќе се водат според Уставот и Деловникот, но оти во овој момент нема основ за било каква постапка.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност.

Во овој момент нема основ за каква било постапка.

ПСРСМ очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот-велат од неговиот Кабинет.