На повредената 20-годишна девојка што беше сместена во Градската општа болница „8 Септември“ морало да и биде ампутирана ногата, за да се зачуваат шансите за спас на нејзиниот живот, информираат од кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче.

За жал ногата на девојката е ампутирана. Тоа е направено поради многу сериозните повреди на екстремитетот и со цел да се сочуваат шансите за спасување на животот на девојката – информираа од кабинетот на Филипче.

Девојката и натаму е во критична состојба и е една од шестемина коишто се во тешка состојба, од кои четворица се со повреди на абдоменот и главата.