Претседателот на Собранието Талат Џафери, ја добил и ја разгледл Иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, а која се однесува на барањето за доброволно тестирање на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија од наркотици, информираат од неговиот кабинет.
Оттаму нагласуваат дека во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на , нема правен основ според кој Претседателот и Собранието би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група.
Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.
Според Законот за безбедност и здравје при работа, член 22, став 1, работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месеци.
Пратениците и вработените во Собранието на Република Северна Македонија, како и сите вработени лица во државата, одат на редовни годишни систематски прегледи, кои се потврда за нивната здравствена состојба.
Последниот систематски преглед се реализирал во 2017 година, а следниот редовен систематски преглед ќе се спроведе во текот на оваа година.
Дополнително, не се точни тврдењата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека, Претседателот на Собранието може и без формално покрената иницијатива, да утврди одговорност на пратеник.
Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците, Член 15, Претседателот на СРСМ нема надлежност во постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки за пратениците.
Comments are closed for this post.