Тмурното и студено време за овој период од годината не го расипа расположението на генерацијата родена 2000 година, која на плоштадот Македонија го одиграа квадрилот на звуците од Штраусовата опера „Лилјакот“.

Покрај 1000 матуранти кои учествуваа во Скопје, парадата на матуранти се одржа во Гевгелија, Стумица, Валандово, Охрид и Струга.

Организаторите од Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје посочуваат дека настанот бил успешен.

Задоволен сум што и оваа година по 13 пат успеавме да ја одржиме оваа манифестација. Интересот кај матурантите од година во година расте. Веќе стана препознатлива манифестација“, порача Никола Глигоров од Дирекцијата на Град Скопе.

„Матурската парада“ ја отвори градоначалникот Шилегов

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов им посака успешен упис на посакуваните факултети на матурантите.

За наша и ваша среќа за првпат навистина можеме да и кажеме на Eвропа дека сме дел од неа, јас сум убеден дека и вашите врсници од 25 различни земји од Европа за првпат ве чувствуваат и како дел од неа“, порача Шилегов на матурантите.

Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите  тадиционално  положија заклетва за ненасилство и толеранција.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.