Германска невладина организација анализира како постапките на Бугарија против С. Македонија претставуваат злоупотреба на меѓународното право, пишува „Дојче веле“.

Бугарија ја држи како заложник политичката судбина на Северна Македонија со барања без преседан, се наведува во анализата на невладината организација „Just access“, насловена: „Негиран пристап до ЕУ и правдата: Како постапките на Бугарија против С. Македонија претставуваат злоупотреба на процедуралните правила за пристапување во ЕУ“.
Од германската невладина организација, која е специјализирана за меѓународни правни спорови и заштита на човековите права, оценуваат дека Бугарија ја злоупотребува ЕУ и меѓународните правни правила и сметаат дека С.Македонија би можела да покрене правен спор пред меѓународните судови поради тоа.

Целата анализа овде.