Град Скопје ќе му додели еден милиони денари во субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за набавки на велосипеди и поставување на пунктови, со што ЈСП ќе го превземе од ЈП „Градски паркинг“ проектот за изнајмување на велосипеди.

Oваа одлука за доделување субвенции треба да се изгласа на седницата на Советот на Град Скопје утре. Тоа значи дека по три години пауза, во главниот град конечно повторно ќе може да се изнајмуваат велосипеди.

Проектот за изнајмување на велосипеди на Паркинзи, кој беше воведен во 2010 година, беше стопиран затоа што сите велосипеди кои Градот ги купи или ги доби како донација се искршени или украдени.