Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на прес-конфернеција на новинарско прашање за неговиот став за ветинг во судството, одговори дека поддржува таква постапка и истакна дека правосудството и судиите треба да се подложат на некоја проверка.
Да бидеме сосема на чисто, поддржувам таков процес, во кој во рамките на обвинителството и судството ќе останат чесните, ќе останат тие што се борат за правдата, тие што имаат неселективна примена на законот, јавни обвинители и судии со свој интегритет – нагласи Јовески.
Обвинителот изјави дека сите забележале што се случило со последната одлука во делот на противправното градење, односно како Судот ја толкува таа одредба.
Мислам дека на такви судии не им е местото во правосудството и веројатно Судскиот совет ќе треба по соодветна постапка да го испита тој дел. Јас после објавувањето на пресудата барав и судска пракса. Судската пракса во однос на овие кривични дела е сосема јасна, таму не се бараат ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил, доволно е лицето да отпочне да гради без одобрение за градба – потенцира Јовески.
Comments are closed for this post.