Јавниот обвинител Љубомир Јовески не сака да ја коментира оставката на Специјалната обвинителка Катица Јанева и дали таа е поврзана со денешниот случај што го отвори ОЈО.

Тоа е нејзин личен чин и во тој дел ние нема што понатаму да коментираме-кусо одговори Јовески.