Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев запрашан за коментар на обраќањето на престедателот Стево Пендаровски за случајот „Рекет“ вели дека специјалната обвинителка е пуштена низ вода.
Ја пушти Катица Јанева низ вода бидејќи очигледно и за нив станува јасно дека Катица Јанева е директно вмешана и како што пред малку кажав без нејзе не би било воопшто можно да се организира и спроведува случајот “Рекет“.И веројатно од она што имав прилика да го слушнам е дека ќе се обидат да ја претстават Катица Јанева како, односно да ја пуштат низ вода и да биде жртвено јагне. Така да во ниту еден друг контекст нема да можам да го разберам тоа бидејќи видовме дека и слушнавме од медиумите и прочитавме исто така за голема вмешаност и потребна е целокупна истрага буквално за се што е вработено во СЈО“, вели Јанушев.
Comments are closed for this post.