Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот Никола Димитров, истакна дека станува збор за човек кој е 30 години на политичката сцена. Од преговорот за името со Бранко Црвенковски, до советник за национална безбедност на Груевски и министер за надворешни и вицепремиер кај Зоран Заев. Без разлика кој е на власт, тој секогаш е на највисоките државни позиции. И она што е најжалосно, никогаш ништо нема сработено. Значи станува збор за еден класичен лицемер – политичар. Обичен политикант и фотељаш, обвини Јанушев.
Министерот Димитров кога нема што да каже напаѓа. Ништо не чувме од него, чувме само лаги и флоскули. Димитров е човекот кој изјавуваше дека за идентитетот нема преговори. Човекот кој кажуваше дека барањата на Грција се преседан и дека со промена на уставното име ќе се погазело македонското достоинство. И кој го погази на крај, лично тој. И овој човек треба да го браниме? Не. На ваквите треба да им кажеме дека треба да си одат и да дојдат способните и тие што знаат. За Бугарија што изјавуваше Димитров, дека јавноста ќе го има во увид целиот процес. Дека државен интерес е Бугарија да биде поддржувач на Македонија кон ЕУ. Не само што ја немаме Бугарија, туку Бугарија е главен кочничар за влез на Македонија во ЕУ. Овој човек има четири вета, рече од собраниската говорница Јанушев.
Овој е човекот кој во јуни 2019-та напиша, ако нема преговори до октомври нема да има лице пред јавноста да збори за евроинтеграциите, продолжи Јанушев.
Па, министере каде е вашето лице? После таа изјава станувате токму вицепремиер за евроинтеграции. Ако имавте лице до сега сами ќе си поднесовте оставка. Како не Ви е срам. Трошите државни пари – парите на граѓаните за шетање, а ништо немате постигнато. Да, факт е дека ништо не работите. За шест месеци имате одржано само еден колегиум. Каде Ви се печатите и факсимилот. Знаете ли? Не сте отишле во канцеларија. Мислите тоа опозицијата не го знае. Па, има таму вработени кои тоа го потврдуваат. Мислите македонскиот народ пие нафта? Се лажете господине Димитров. Ајде еве пофалете се со еден проект, ајде дали СЕП има еден проект откако Вие сте таму. Кажувате тука цитати, ние сме биле светол пример, а денеска излезе уште еден рејтинг каде што не класифицираат повторно неколку години по ред за хибриден режим. За Вас исто ли е светол пример и хибридна држава? За Вас знак за равенство има помеѓу светол пример и 111 место по корупција? Да имавте малце доблест и образ сами ќе си поднесовте оставка, заврши Јанушев.
Comments are closed for this post.