Бидете трпеливи и многу скоро ќе бидете изненадени, рече денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите тој рече дека владејачкото мнозинство треба да ги слуша предлозите од опозицијата во спротивно би можеле да се случат нови парламентарни избори или ново парламентарно мнозинство.  Во одговор на новинарската забелешка дека според извори од партијата за ново парламентарно мнозинство им недостасуваат тројца пратеници, Мицкоски одговори:

Бидете трпеливи и се надевам дека многу скоро ќе бидете изненадени.