Убедени сме дека Мијалков, Јакиески и Божиновски нема да се дадат во бегство и затоа за нив побаравме домашен притвор вели специјалната обвинителка Катица Јанева во интервју за Канал 5.

Во итервјуто Јанева ја коментира и последната изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека нема доверба во специјалното јавно обвнителство како порано, а за тоа голем придоонес има и бегството на Груевски.

Јанева порача дека не е компетентен и дека треба да се грижи за својата работа бидејќи МВР е помошен орган на обвинителството.