Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски не открива дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Обвинителството.
Обвинителството заради доверливоста и успешно водење на истрагата не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени“, вели Јовески. Тој тврди дека сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани.
Обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ во кој е осомничен и Орце Камчев, е повикана утре во Обвинителството да даде исказ.
Стефанова, деновиве, преку пишана изјава објавена на страницата на СЈО, директно ја обвини Јанева дека влијаела на истрагата за предметот „Империја“, на тој начин што најпрво инсистирала да се ослободат од притвор осомничените, а потоа предлагала и престанок на истрагата, доколку тие се согласат да ја платат штетата што ја предизвикале.
Јанева и Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“. Јанева му кажува на Камчев да не се секира дека се ќе биде ок и дека ја држи под контрола Лиле Стефанова. Јанева потврди дека гласот што се слуша на снимките е нејзин, но отфрли поврзанот со случајот „Рекет“. Тврди дека разговарала со Камчев со цел да стане соработник на СЈО.
Comments are closed for this post.