Специјалната обвинителка Катица Јанева се врати на работа, потврдуваат за Пресинг Тв од СЈО.

Досега Јанева не добила покана да даде исказ во Обвинителството за случајот „Рекет“, иако нејзиниот глас се слуша во снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла верита“.

Изминатата недела беа објавени фотографии од Јанева за кои порталите кои ги лиферуваа тврдат дека ги добиле од читатели и дека истите се направени на првиот крак во Грција.

Јанева се обрати преку писмени изјави и отфрли вмешаност во случајот „Рекет“.