Невина сум и изманипулирана сум од една личност. Доколку ги знаете сопружниците Камчеви нема да сакате да соработувате со нив. Тие се дно – рече поранешната сцецијална обвинителка Катица Јанева во завршните зборови.

Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Го искористи моето искрено пријателство кое го имавме со Бојан. Мене ми е чист образот. Ако некој сакаше да го сруши СЈО не му требав јас – рече Јанева.

Што ќе беше ако не беа пари, ќе беше кокаин Орце што го шмрка – додаде Јанева.