Обвинението на СЈО за учество во противзаконска продажба на две парцели на Балканскиот универзитет на територијата на општина Карпош, е само нов обид на власта на СДСМ да монтираат случај против мене, вели поранешниот градоначалник на општината Карпош, Стевчо Јакимовски.

Тој смета дека откако истрагите на финансиската полиција не успеаја да најдат никаква основа за евентуален криминал во општината, партиската хајка против него ја продолжила Специјалното јавно обвинителство.

Јакимовски смета дека таквите обиди да му се припише некаков криминал е дел од обидите да биде замолчен во јавното и упорно искажување ставови против прифаќањето на Договорот со Грција.

Во истрагата под име „Хармонија“, покрај Јакимовски, се опфатени и поранешниот претседател на владата, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тие се осомничени за противзаконска продажба на две парцели на Балканскиот универзитет на територијата на општина Карпош.