Жалам што тогаш, но и денес опозицијата не дава прилог во делот на крупните политички одлуки. Ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не дадоа прилог, се водеа строго од партиско политички цели без разлика на интересот на државата, истакна неодамна на прес-конференција претседателот на владата Зоран Заев.

Но ваквата изјава на Заев е демантирана во извештајот на Европската Комисија, каде се вели дека дека опозицијата останала ангажирана во Сообранието и ги поддржала клучните прашања од национален интерес, односно реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО.

Уште на самиот старт Владата на Зоран Заев е демантирана во извештајот. Бидејќи во извештајот се напоменува дека и опозициската партија останала ангажирана во Парламентот и ги поддржала клучните прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО, на кој Македонија се приклучи во март 2020 година.

Опозициската партија остана ангажирана во Парламентот и ги поддржала клучните прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО, на кој Македонија се приклучи во март 2020 година, се вели во извештајот кој што вчера го објави Европската Комисија.