Излезноста до 17:00 на овие претседателски избори е во споредба со  претходните во 2014 е помала. Сега на гласање излегле 35,13 проценти, а излезноста на претседателските избори во 2014 година до 17:00 часот беше 41 %.

Сепак портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска на прес – конференција истакна дека овие информации се од обработени податоци од 79, 73 проценти од избирачките места.

На гласање излегле 496 774 граѓани односно 35,13 проценти. Доколку го следиме овој тренд со 100 проценти обработени податоци од избираачките места, на гласање излегле 600 000 избирачи, рече портпаролот на Државната Изборна Комисија Љупка Гугучевска.

На референдумот пак во Септември до 17: 00 часот на гласање излегоа 28,83 проценти.