Излезноста во првиот круг од претседателските избори до 17:00 часот е 35,13 проценти. Според Државната Изборна Комисија овие информации се од обработени податоци од 79,73 проценти од избирачките места.

На гласање излегле 496 774 граѓани односно 35,13 проценти. Доколку го следиме овој тренд со 100 проценти обработени податоци од избираачките места, на гласање излегле 600 000 избирачи, рече портпаролот на Државната Изборна Комисија Љупка Гугучевска.

Со највисока излезеност се општините Крива Паланка со  57,82 процента, Демир Капија со 52,78, Демир Хисар 51,94 проценти, Крушево 50, 64 проценти, Новаци, 53,73 проценти, Прилеп 50,3 проценти, Вевчани 50,93 проценти…

Најниска е излезноста во Пласница, каде до 17 часот излегле 12,04 проценти од гласачите,  Центар Жупа 12,67, Липково 13,55, а Желино 13,62.